Осум лица се повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово
Вчера на регионален пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје, и притоа се повредени осум лица, меѓу кои има и три деца.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.