Осум нови случаи на Ковид19 во Гостиварско

Со последните 24 тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се осум нови случаи. Од новоокриените два се во Гостивар, а шест во општина Врапчиште.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, два се регистрирани во селото Добри Дол, четири во Неготино Полошко, а два се во градот. До денеска на поширокото гостиварско подрачје има дваесет активни случаи (девет во општина Гостивар и 11 во општина Врапчиште). Во најмалубројната општина Маврово и Ростуше изминатава недела нема регистриран заболен и нема активни случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 438 тестирања, а од нив 41 лице имаа позитивни резултати. Најмногу се во општина Врапчиште 20, во Гостивар 19 и два во Маврово Ростуше. Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица.

Од последици на Ковид -19 во гостиварско починаа три лица.

Back to top button
Close