Осум починати, 134 заразени со Ковид-19,
Нови 8 починати од кои на двајца од нив тестот им бил направен посмртно. Нови 134 случаи во нашата држава се регистрирани последниве 24 часа. кога се направени 1173 теста , Од вкупниот број на новозаболени 97 се од Скопје, кое со 1323 активни случаи има најмногу заболени во земјава.
Во моментов во Македонија има повеќе активни случаи од оздравени а епидемиолозите и инспекторите не можат да работат на терен бидејќи контактите даваат лажни податоци или пак не ги примаат решенијата за изолација. За надминување на овој проблем, надлежните најавуваат јавно објавување на сите кои треба да бидат 14 дена во домашен карантин.