Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

-Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово, информира СВР Тетово.

Поради вршење на увид, сообраќајот синоќа до 23:00 часот се одвиваше по една коловозна лента.

Back to top button
Close