Осум семејства останаа без домови, пожар изгоре до темел четири бараки во Гостивар

Во пожар што избувна рано утрово на улицата „Илинденска” во Гостивар, целосно изгореа четири бараки. Во огнената стихија нема настрадани.

Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил. Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што рекоа, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.

 

Заради староста на објектите и запалливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.

Back to top button
Close