Осум загинаа, а 26 се повредени во автобуска несреќа во Анталија

Автобус се преврте во турската покраина Анталија, објавија локалните медиуми.

Во тешката несреќа што се случи утрово, загинаа осум лица, а 26 се повредени. Автобусот патувал ноќе од северозадниот град Текирдаг кон Анталија.

Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат возилото, излизгано надвор од патот, на излез од автопат северозападно од централна Анталија.

Новинската агенција DHA објави дека некои патници биле исфрлени од автобусот. Некои од повредените се во критична состојба.

Анталија, популарна туристичка дестинација на Медитеранот, беше погодена од обилни дождови во последните денови, оставајќи ги патиштата влажни и магловити.

Според првичните информации, возачот на автобусот возел со пребрзо темпо. Засега нема докази дека бил удрен од друго возило.

Back to top button
Close