Осум загинати и седум повредени лица во судар меѓу автобус и камион во Виетнам

Осум лица загинаа, а седуммина други се тешко повредени откако автобус директно удрил во  камион во јужниот дел на Виетнам, соопшти денеска полицијата, пренесе ДПА.

Автобусот, во кој се наоѓале 14 патници, еден час по полноќ по локално време, се удрил во камионот што се движел од спротивната насока, во провинцијата Бин Тан, што се наоѓа на околу три часа источно од градот Хо Ши Мин, додава германската агенција.

-Прелиминарната истрага покажа дека возачот на автобусот се движел во погрешната лента и тоа ја предизвикало несреќата, изјави полковникот Дин Дук Лап, заменик директор на полицискиот оддел во покраината, соопшти локалниот весник „Туои Тре“.

Шест лица во автобусот, вклучувајќи го и возачот, загинаа на местото на несреќата, додека двајца други  починале на пат кон болница, рече Лап.

Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 49 години. Возачот на камионот е меѓу повредените.

Back to top button
Close