Осумгодишно дете донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот

Осумгодишно дете вчера беше донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– Беше пробано да се анимира, но без успех. Беше пријавено во полиција. Телото на детето немаше знаци на насилство, повреди. На барање на полиција, известен беше и јавен обвинител, посочија од Здравствениот дом.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски истакна дека телото било предадено на семејството.

Back to top button
Close