Осуммина од уапсените од УЈП одат во притвор

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи, соопштија од Основниот кривичен суд.
По нивното произнесување, како и по разгледување и ценење на доставените факти и докази, Судот го прифати предлогот на надлежното обвинителство и на сите осум лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Притворот е определен поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик осомничените да го довршат или да го повторат кривичното дело.
Истрагата за случајот продолжува.






