Осумнаесет повредени во авионска несреќа во Торонто, соопштија властите
Осумнаесет лица се префрлени во локалните болници по авионската несреќа на аеродромот во Торонто, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на аеродромот Тод Аиткен. „Пистата беше сува и немаше страничен ветер“, рече тој, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот се уште ги истражува причините за инцидентот.
Во авионот имало 22 Канаѓани, а останатите се странци, изјави за новинарите Дебора Флинт, главен извршен директор на управата за аеродроми во округот Торонто. Според нејзините информации, повредените брзо се пренесени во болници и никој од нив не е во критична состојба. Претходно беше соопштено дека три лица се тешко повредени. Две од пистите на аеродромот остануваат затворени и се очекуваат одложувања во наредните денови.
Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте синоќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. Авионот пристигнал од Минеаполис, и во него имало околу 80 патници