Осумнаесет возачи приведени за едно деноноќие, најголем дел возеле без дозвола

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 18 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 17 возачи управувале возила без возачка дозвола. Петмина биле затекнати во Скопје, тројца во Прилеп, а по еден во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и на подрачјето на Тетово.
Меѓу приведените е и возач од селото Дулица, општина Македонска Каменица, кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, објави Скопје1.мк






