Осумнаесетто издание на детскиот фестивал „Поточиња“

– Детскиот фестивал „Поточиња“, по долга пауза поради пандемијата на коронавирусот, денеска ќе го одржи 18. издание на Школка во Градскиот парк во Скопје, .

Публиката ќе има можност да слушне 11 нови песни, а низ фестивалот ќе ги води популарната маскота „Поки“.

Влезот за фестивалот е бесплатен, а организаторите информираат дека се организира согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Од организацијата, Пап продукција информираат дека поради пандемијата на коронавирусот, ограничен е бројот на деца – учесници.

Back to top button
Close