Отец Пимен: Дајте ние живите да им помогнеме на живите! Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење.

Во пресрет на Задушница, Отец Пимен вчера на својот фејсбук профил им порача на граѓаните да бидат разумни, со порака живите да им помагаат на живите.

-…Друг, пак од учениците Негови Му рече: “Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.”
Но Исус му рече: “Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!”
(Матеј. 8,21-22)

Па дајте ние живите да им помогнеме на живите. Нѐ не спасува нит инаетот, нит мерењето чив бог е поголем. Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење.
Вечен спомен на починатите и разум на живите, порача отец Пимен.

Back to top button
Close