Откако беа кај Радев, претставниците на ГДУ биле и кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител  откри дека претставници на партијата ГДУ, која ги застапува правата на Бугарите во Македонија, биле два пати кај него.

-Еднаш беа лани и бараа промена на изборниот модел – тоа го поддржав, а беа и десетина дена откако беа кај Радев – зборуваа за тоа што ги мачи и тоа е легитимно. Но, им реков, „направивте една грешка. Бевте прво кај бугарскиот претседател, а потоа кај претседателот на својата земја. Не е логично тоа ако си државјанин на Северна Македонија, нагласи претседателот Пендаровски. 

Back to top button
Close