Откако го пропушти Санчо, Јунајтед се сврте кон Даглас Коста

– Манчестер јунајтед има желба да го земе крилото на Јувентус Далгас Коста, откако „црвените ѓаволи“ не успеаја да ја привлечат sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо. „Жолто-црните“ му дадоа на Јунајтед до денес да ги плати бараните 108 милиони фунти, но тоа никогаш не се случи и Санчо замина со своите соиграчи во тренинг-кампот во Швајцарија.

Оле Гунар Солскјер ќе мора да бара уште еден офанзивен играч доколку газдите на „црвените ѓаволи“ не успеат да го убедат Дортмунд да го пушти својот играч. Така, сега Манчестер Јунајтед може да се сврти кон Даглас Коста. Бразилскиот крилен играч, најверојатно, ќе го напушти Јувентус ова лето, откако „старата дама“ подготвува чистка по елиминацијата во Лигата на шампиони. Според „Тутоспорт“, Коста ќе биде еден од петте играчи што ќе го напушти Торино ова лето, при што Манчестер Јунајтед има силен интерес да го привлече 29-годишниот фудбалер.

Даглас Коста дојде во Јувентус од Баерн Минхен во 2017 година на позајмица пред „старата дама“ да го откупи трајно за сума од 32 милиони фунти. Откако се пресели кај „црно-белите“, Бразилецот настапува на незадоволително ниво и има само 2 гола и 6 асистенции во Серија „А“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close