Откако и се скараа,партијата на Данела во Струмица ќе го подржела ВМРО ДПМНЕ

Политичката партија Нова Алтернатива чиј претседател е актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, на локалните избори во Струмица ќе го поддржи кандидато на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков и советничката листа предводена од д-р Никола Маџунков.

Нова Алтернатива на одржаната Конвенција донела одлука за колективно коалицирање со ВМРО – ДПМНЕ, вели во во видео изјава Сократ Ефтимовски за „Струмица Денес “.

Ефтимовски, кој беше петти носител на листата за парламентарни избори во изборната единица 4, истакна дека општинските клубови не се во добра комуникација со Данела Арсовска како актуелен претседател и донеле одлука дека ова е најдоброто решение.

На почетокот на 2024 година Данела Арсовска беше промовирана како нова претседателка на политичката партија Нова Алтернатива, која настапи самојстојно на парламентарните избори во мај 2024 и освои околу 2.000 гласови.

Оваа партија претходно беше во коалиција со СДСМ, но на изборната конвенција беше донесена одлука за излегување од таа коалиција.
Партијата, како што посочи Арсовска тогаш, се заснова на четири постулати: правда, ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал и воведување на еднакви можности, борбата со корупцијата и криминалот и целосна дигитализација на јавната администрација.

Back to top button
Close