Откажана контроверзната посета на косовскиот заменик министер во затворот Идризово за посета на осудените терористи од Диво Насеље  

Посетата на косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху е откажана, пренесе Телма повикувајќи се на извори од Министерството за правда во Скопје.

Салаху требаше да го посети затворот Идризово за да се информира за состојбата со осудените за тероризам извршен во мај 2015- та во кумановско Диво Насеље.

Косовскиот функционер на телевизија во Приштина се “пофали” дека ќе се сретне и со доживотно осудените косовски државјани, учесници во кумановските настани пред 6 и пол години. Целта на посетата била да се информира за условите во кои ја издржуваат казната и дали се почитуваат нивните права.

Но, неговиот домаќин заменик министерот за правда Агим Нухиу тврдеше дека таква дозвола за посета на најопасните затвореници не е ниту барана ниту дозволена. Процедурата за ваква посета оди преку МНР и Министерството за правда.

Откако се пронесе ставот на македонските власти, Салаху се јавил на Нухиу доцна синоќа и го известил дека ја откажува посетата.

Диво Насеље е еден од 4-те случаи за кои Заев и Гаши договорија меѓународен мониторинг на пресудите и судските постапки.

 

Back to top button
Close