Откриен шпион кај портпаролот на Меркел

Лице од канцеларијата на владиниот портпарол Штефен Зајберт е осомничено дека со години собирало информации за египетска тајна служба. Тоа е под истрага за шпионска активност.

   

Маж вработен во Канцеларијата за печат и информации на германската влада е осомничен за шпионажа. Канцеларијата ја раковооди владиниот портпарол Штефен Сијберт. Како што може да се види од извештајот на службата за заштита на уставниот поредок  од 2019 презентиран од германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер,  сојузното криминалистичка полиција уште во декември 2019 година  презела „извршни мерки“ против човекот по налог на генералниот сојузен јавен обвинител во Карлсруе. Истрагата е во тек, се вели во извештајот.

Вработен во одделот за посетители

Генералниот сојузен обвинител Петер Франк потврди за весникот „Билд“ дека човекот бил под истрага под сомнение дека е агент. Според весникот, станува збор за вработен во одделот за посетители, чии простории биле претресени. За осомничениот се вели дека работел како средно рангиран службени и оти има мигрантско потекло.

Steffen Seibert (picture-alliance/dpa/A. Blum)Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт

Сојузната канцеларија за печат не сакаше да го коментира случајот. „Ние не коментираме за тековните истраги или кадровските работи“, рече портпаролот.

Две египетски тајни служби активни во Германија

Според германската служба за заштита на уставниот поредок, во земјата се активни генералната разузнавачка служба (ГИС) и Националната служба за безбедност (НСС). Нивната главна цел, како што се вели, е да стекнат сознанија за египетските опозиционери кои живеат во Германија, како на пример претставници на исламистичкото Муслиманско братство. И членовите на христијанските коптски заедници, и би можеле да бидат во фокусот. Египетските тајни служби се обиделе да регрутираат сонародници кои живеат во Германија за разузнавачки цели, се вели во извештајот.

извор: ДВ

Back to top button
Close