Откриена дупка на местото каде исчезна малата Данка: Итно се упатија пожарникари – сите треперат и го чекаат исходот

Српскиот новинар Рајко Недиќ вечерва изнесе информации поврзани со дупките во близина на куќата, како и дека екипи на пожарникари отишле до тие канали за да најдат трага од исчезнатата Данка.– Слушнавме и видовме дека под ротација поминаа противпожарната бригада и нови полициски возила. Во суштина, целиот терен е ископан со багери. Имено, на имотот е пронајдена дупка, тоа се некои канали кои се долги околу 10 километри и се поврзани со локалниот рудник. Кога била откриена една од тие дупки, пожарникарите пристигнале и се спуштиле таму. Има цел сет на подземни тунели. Има неколку такви шахти кои имаат пад и одат под земја. Затоа пристигнаа нови единици и екипи на пожарникари, кои со помош на камери и рефлектори ќе се обидат да се спуштат и да видат дали можеби девојчето паднало таму. Тоа беше како шума, имаше многу шут и отпад, а кога багерите го расчистија, тој тунел беше откриен. Дошле до заклучок дека таму има еден спуст за канал долг 10 километри, рече Недиќ.

Back to top button
Close