Откриени мигранти во возило на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, возачот побегнал

Во товарно возило на регионалниот пат Демир Капија-Неготино биле откриени илегални мигранти, соопшти полицијата. Возачот не застанал на полицискиот знак и продолжил со движење а потоа запрел и го напуштил возилото, велат од МВР.

Настанот се случил вчера во 14.30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење.

Набргу потоа, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 17 лица илегални мигранти.

Тие биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

Back to top button
Close