Откриени повеќе од 900 тела на цивили во регионот на Киев

Телата на повеќе од 900 цивили се откриени во регионот на Киев по повлекувањето на руските сили, изјави денеска регионалниот началник на украинската полиција Андриј Небитов.

Тој посочи телата биле оставени на улица или привремено закопани, а 95 отсто од жртвите починале од снајперски оган и прострелни рани.

– За време на руската окупација, луѓето едноставно беа застрелувани по улиците. Ова е факт кој е регистриран. Во 21 век е невозможно да се сокрие овој вид на криминал. Тие се видени од набљудувачи, а исто така и снимени на камера, додаде тој.

Тим експерти од форензичкиот оддел на француската национална жандармерија веќе неколку дена работи на истрага и идентификација на закопаните во најголемата масовна гробница досега пронајдена во опустошениот град.

– Бројот на убиени цивили надмина 900 и нагласувам дека тоа се цивили чии тела ги откривме и ги предадовме на вештачење, рече тој. Тој додаде дека секој ден се наоѓаат се повеќе тела, под урнатините и во масовните гробници.

– Најголем број жртви е пронајден во Буча, каде има повеќе од 350 тела, рече тој.

По повлекувањето на руските сили, телата на мажи облечени во цивилна облека, некои со врзани раце, беа пронајдени расфрлани по улиците.

Оттогаш, откриени се неколку масовни гробници. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, изјави дека по повлекувањето на руските трупи биле пронајдени повеќе од 400 тела.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, кој се занимава со кршење на човековите права, има истражители во Украина, а водачот на тимот ја опиша земјата како „место на злосторство

 

 

Back to top button
Close