Откриено чиј бил ранецот кој падна од небо во Неготино

Ранецот кој падна денеска во Неготино привлече големо внимание на македонската јавност, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија чиј бил ранецот.

Б.С. (35) од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и го оштетила истиот, по што на терен излегла екипа од ОВР Неготино.

Притоа бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

 

Back to top button
Close