Откриено што и претходело на трагедијата, се огласија и Турците во чиј гепек беше фатен убиецот

Нови детали се појавија за трагичното убиство што рано утрово се случи во познатото албанско летувалиште Ксамил, каде животот го загуби 20-годишен турист од Португалија.
Според информациите на албанските медиуми, жртвата е Луис Мигел Варела Мендес, кој бил смртно прободен со нож за време на конфликт во угостителски објект.
Истражителите ги сослушале пријателите на младиот Португалец, кои биле сведоци на случувањата. Според нивните искази, сè започнало поради наводно вознемирување на девојка, по што расправијата брзо прераснала во физичка пресметка во која биле вмешани повеќе лица.
Во обид да ја смират ситуацијата интервенирале и лица од обезбедувањето. Во еден момент, според сведоците, 20-годишниот Луис се вмешал меѓу учесниците во конфликтот со намера да ги раздели и да ја прекине тепачката.
Токму неговата интервенција завршила трагично – младиот турист бил прободен со нож, а повредите биле фатални.
Во врска со убиството, албанските власти го уапсиле 29-годишниот Сократ Вата, кој е осомничен за нападот. По инцидентот тој бил пронајден во возило заедно со двајца турски државјани – маж и жена.
Двајцата Турци биле сослушани со помош на преведувачи. Тие изјавиле дека биле редовни гости во локалот и дека го познавале Вата, кого го ангажирале за услуги како телохранител и лична придружба.
Пред истражителите негирале дека биле вмешани во убиството и тврделе дека го зеле со себе поради пријателскиот однос што го имале со него.
Истрагата за целосно расчистување на трагичниот настан продолжува.






