Јотова повторува: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата

Јотова во обраќањето во бугарското училиште за политика „Димитар Паница“ порача дека секој којшто сака да биде дел од европското семејство треба да сфати дека тоа не е банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, изјави таа.

Според Јотова, успех на бугарската надворешна политика е опстојувањето на бугарската позиција за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

„Тоа е пример како успеваме кога работиме заедно сите институции и политички партии“, додаде таа.

Бугарската потпретседателка уште вели дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан засега и друго основно прашање – Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Тој јазол, како што порача, може да биде одврзан само при јасна перспектива за тие држави, а сигналот треба да дојде од ЕУ, зашто во спротивно тие земји секогаш ќе останат конфликтни точки.

Back to top button
Close