Јотова за пресудите од Стразбур: „Никој никогаш не не’ терал да ги признаеме Македонците во Бугарија“

Бугарската потпретседателка Илиана Јотова вели дека судот во Стразбур никогаш не наложил да се признае македонското малцинство во Бугарија. Според неа, тоа нема ниту да се случи. Ова го одговори на прашањето како може од една страна Бугарија да бара права за Бугарите во Македонија, а да не ги имплементира вкупно 16 добиени пресуди од Судот за човекови права во Стразбур има за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“.

„Ние немаме малцинства во Бугарија. Треба да го прочитате бугарскиот Устав. Тоа што го цитирате од Стразбур, нигде не пишува Бугарија да го признае македонското малцинство. Никој никогаш не ја принудувал Бугарија да признава малцинство, бидејќи Стразбур го признава бугарскиот Устав“, вели Јотова.

Првата пресуда оваа организација ја добила пред Судот за човекови права во Стразбур во 2001. Ниту неа, ниту последователните 10 добиени пресуди, Бугарија ги спроведе до денеска. А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од бугарските власти.

Back to top button
Close