Отстранета командантката на американската крајбрежна стража

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска ја отстрани командантката на американската крајбрежна стража Линда Ли Фаган, првата жена што раководеше со една од гранките на вооружените сили.

Вршителот на должноста директор за домашна безбедност Бенџамин Хафман ја отпушти Фаган поради „ставање на политиките за различност, правичност и инклузија (DEI) пред прашањата за граничната безбедност“.

По отпуштањето на адмирал Фаган, советникот на Трамп, Илон Маск, напиша на „X“ дека „загрозувањето на американската војска и безбедноста на границите да трошат повеќе пари на расистички и сексистички глупости на DEI веќе не е прифатливо“.

Трамп за време на неговата кампања вети дека ќе ги елиминира програмите на DEI во федералните агенции и дека ќе вработува исклучиво врз основа на експертиза.

Ниту Белата куќа, ниту Министерството за домашна безбедност, ниту Фаган не ја коментираа веста што ја објави Фокс Њуз.

Фокс њуз, исто така, објави, цитирајќи неименуван висок функционер на Одделот за домашна безбедност, дека Фаган била отпуштена поради граничната безбедност, вработување и прашања за „скршена доверба“.

Иако крајбрежната стража е дел од вооружените сили, таа не потпаѓа под Пентагон, туку на Одделот за домашна безбедност.

Back to top button
Close