Отстранети 169 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

–  Во текот на изминатата недела, од 1 април до 7 април 2021 година, со специјалните возила пајак се подигнати 169 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 17 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје информираа дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 249 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, како што додаоа, 17 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, наведоа од Град Скопје.

Back to top button
Close