Отстранети сите дефекти, надеж за тетовци дека ќе се нормализира водоснабдувањето

– Тетовци вечерва може да очекуваат комплетно нормализирање на водоснабдувањето откако доцна попладнево се заврши отстранувањето на дефектот во паркот кај Пашината џамија. По девет часа работа во 17 часот е завршена промената на пукната ф300 водоводна цевка.

– Извршена е промена на пукнатата салонитна цевка со соодветна пластична. По поставувањето на нова цевка пуштена е во употреба целата цевководна линија која е важна за водоснабдување на 15 отсто од градот како населбите Блок 70 и дел од Пржова Бавча како и објектите на улиците „Браќа Миладинови“и „Ѓорче Петров, кои досега немаа вода. Во зависност од исполнување на системот и цевководите со вода и ќе се нормализира водоснабдувањето и во населбите каде најдолго имаше прекин во добивањето на водата за пиење, информира Љуљзим Шаќири од Водовод и канализација.

Тетово три дена се соочуваше со прекини во водоснабдуавњето откако два дефекти се појавија на Ф300 водоводни цевки кои се втора категорија по големина и значајни за проток на големи количини вода. Во средата и четвртокот околу 90 проценти од градот имаше прекин во водоснабдувањето. ас/оџ/

Back to top button
Close