Отстрел на дива свиња под посебен надзор утре на ловиштата во Македонска Каменица и Делчево

– По решение од АХВ и МЗШВ за засилен отстрел на дива свиња и мониторирање на ловиште по појавата на афринска чума кај домашни свињи, во недела 13.03.2022 година ќе биде организиран лов со посебни мерки под строг надзор од овластените институции. Сите заинтересирани треба да поседуваат дневни дозволи, кои во недела во 6 часот при влез во ловиштето ќе им бидат дадени, истакнаа од ЛД „М.Каменица Саса”.

Истото се однесува и за ловиштата во делчевско, каде е предвиден отстрел на дива свиња под засилен надзор.

Иако најголем дел од ловџиите имаат извадено дневни дозволи, повеќето сметаат дека отстрелот нема да биде од корист за самите учесници и воопшто за самиот лов, бидејки во период кога дивечот се размножува, не треба да се врши отстрел, туку да се зачува за идната ловна сезона.

Во меѓувреме на ловиштата, како што додаваат од ЛД „М.Каменица Саса” се уште е на сила забраната за пуштање на ловечки како и домашни кучиња кои го вознемируваат дивечот, напоменувајки дека секое куче кое ќе биде затекнато на терен, ќе биде живо заловено, а сопственикот законски санкциониран за вознемирување на дивечот, согласно законот за ловство

Back to top button
Close