Отворањето на КЦ „Ванчо Михајлов“ беше голема провокација

Ние немаме закон за забранети имиња, а треба да го имаме. Секоја држава има таков закон, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили во гостување во емисијата „Клик плус“, зборувајќи за новоотворениот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Важен е ликот на Ванчо Михајлов, но ние немаме закон за забранети имиња. Секоја држава има таков закон, а ние немаме. Самото отворање на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ беше една голема провокација – изјави Халили.

Тој додава дека среќа е што нашите институции не потпаднале под тие провокации.

– Да беше подруга реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација – рече Халили.

Back to top button
Close