Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на Големата сцена на Народниот театар во Белград, гостуваше со најпознатата опера на Џоакино Росини „Севилскиот берберин“, која беше изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер од Австрија, јави дописникот на МИА од Белгад.

Белградската публика со повеќекратен аплауз го поздрави настапот на ансаблот на Националната опера и балет, а сите билети веднаш беа распродадени.

Во главната улога настапи Биљана Јосифов која го играше ликот на Розина.

-Розина е ведра и умна девојка и нејзиниот карактер е доста темпераментен, која се бори да победи љубовта кон Грофот Алмавива, но е заробена од нејзиниот тутор Дон Базило кој е посесивен кон неа. Така што ова гостување за мене преставува една посебна чест и задоволство да ја преставувам нашата земја во Белград и ја поздравувам оваа соработка во рамките на Отворен Балкан, која нуди соработка и слободен проток на идеи преку која културата ќе оди напред и ќе добие една нова димензија, да не само ние како уметници и целата култура на нашите народи биде на многу повисоко ниво, изјави Јосифов.

Во оваа комична опера во два чина, работена според делото на Пјер Бомарше „Трилогијата на Фигаро“, во чиј фокус е приказната за љубовта, парите, заблудите и измамите настапи и баритонот Васко Здравков во ликот на Фигаро.

Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Националната опера и балет од Тирана и Македонскиот народен театар во областа на драмата, операта и балетот.

-Се договоривме за соработка преку размена на диригенти, оперски и балетски солисти , костимографија, сценографија, гостувања, копродукциски проекти и по потпишување на договорот за соработка во ноември ни гостуваше балетот од Народниот театар во Белград со нашиот оркестар, а вечерва гостуваме со Севилскиот берберин со комплетна солистичка наша екипа и со нашиот хор и оркестарот и нашиот диригент Иван Еминовиќ. Ова размена и преставување на килтурните институции многу ни значи, изјави Ристов

Back to top button
Close