Oтворен e Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025
Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје вчера започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.
Седумдневниот спортски настан вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини и тоа – атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.
Се очекува учество на над 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости.
Македонија годинава ќе биде претставена со рекорден број на спортисти кои ќе учествуваат во сите спортови.
На отворањето на ЕМОФ претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го истакна значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж.
„Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт. Продолжете да го развивате олимп