Отворен Големиот египетски музеј во Каиро, се градеше повеќе од 20 години

Синоќа во Каиро се одржа свеченост на која егиептскиот претседател Абдел Фатај ал-Сиси го отвори Големиот египетски музеј (ГЕМ).

На церемонијата присуствуваа 40 државници и високи функционери, вклучувајќи кралеви, претседатели и премиери од целиот свет.

На отворањето, за првпат беше изведена симфонија од египетскиот композитор Хешам Незих, компонирана за отворањето на ГЕМ, која содржи и пеење на староегипетски јазик.

Изградбата на музејот, што се смета за најголем музеј во светот посветен на древната египетска цивилизација, започна во 2002 година, а е изграден според наградуваниот проект на ирската архитектка Роисин Хенеган и нејзиниот сопруг Ши-Фу Пенг.

Отворањето се случи речиси десет години подоцна од првично планираното поради економската криза, политичките превирања, регионалните конфликти и пандемијата на коронавирусот. Вкупната површина на музејот е над 500.000 квадратни метри, а се состои од 12 галерии со над 24.000 предмети.

Со официјалното отворање, беше отворена и посебна галерија за предмети од гробницата на фараонот Тутанкамон, каде што за првпат од нивното откривање во 1922 година, сите 5.398 предмети беа распоредени во Долината на кралевите.

Исто така, дел од музејот е посветен на огромниот „соларен“ брод на фараонот Кеопс, пронајден во 1954 година и преместен од музејот до пирамидата на Кеопс во ГЕМ

Back to top button
Close