Отворен повик за музички изведувачи – Hemi Music Awards

Hemi Music Awards (HMA) е нова програма што е наменета за талентирани музички изведувачи кои сакаат да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. Програмата е организирана од Центарот за размена на музички иновации- европска иницијатива што има за цел да ги поддржи изведувачите и професионалците во музичкиот бизнис од Северна Македонија, Грција, Естонија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Естонија.

На овогодинешната програма на HEMI Music Awards 2021 можат да учествуваат сите бендови или соло артисти (постари од 18 години), кои живеат во една од земјите кои го сочинуваат HEMI. Крајниот рок за аплицирање е среда, 23 декември 2020 година до 23:59 часот. Аплицирањето е бесплатно и отворено за секој музички жанр. Сè што е потребно е да се пополни апликацијата.

-Сите заинтересирани што ќе се пријават на програмата ќе добијат персонализирана поддршка од страна на професионалци од меѓународната музичка индустрија, заедно со активности за вмрежување и турнеи кои ќе им помогнат на артистите да ја освојат публиката и надвор од државата, односно на 10-те водечки музички конференции и фестивали низ цела Европа, информираат организаторите.

Изборот ќе го врши меѓународно жири составено од 27 експерти, вклучувајќи организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и клубови, и музички новинари. Избраните таленти ќе бидат промовирани од страна на 18 медиумски партнери од деветте земји кои го сочинуваат HEMI. 

Back to top button
Close