Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК – 0800 555 44

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.

Сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање.

И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите, односно активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

За сите граѓани на располагање се интеренет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Право на глас на денешниот втор круг од локалните избори имаат 1 353 990 гласачи. 

Back to top button
Close