Отворена изложба на акаврели од Елизабета Костова во галеријата „КО-РА“

Отворена изложба на акварели од Елизабета Костова во галеријата „КО-РА“. На изложбата се претставени 32 дела во акварел.

-Делата се инспирирани од поетиката на урбаното и мртвата природа, кои ја восприемаат повеќекатната метафора за ова наше време преполно со носталгија, резигнација и меланхолија. Но, воедно се и навраќања во сеќавањата на миговите кои ја одразуваат радоста кон животот и блесокот на малите нешта вткаени во големите и мали празнувања, длабоко врежани во колективната меморија на едно време и воедно врежани во потсвеста. Таа го одразува сето она длабоко затскриено во ризниците на незаборавот што ги доловува токму акварелот, кој го запазува блесокот на мигот преточен во пигментите и лазурите на една хармонизирана гама, доловувајќи ни ја сферата на сликарството на интимизмот, истакна промоторот на изложбата Виолета Калиќ.

Ова е шеста самостојна изложба на Елизабета Костова.

Back to top button
Close