Отворена изложбата „Квалитет и квантитет“ на Зулејха Зубери Али

„Квалитет и квантитет“ е изложба на цртежи и графики на уметницата Зулејха Зубери Али што од вчера е отворена во галеријата „КО-РА“ во Скопје.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста која истакна дека Зулејха Зубери Али со оваа изложба акцентира два опортуни дискурса метафорично содржани во овие два циклуса.

Едниот, како што рече Качиќ, го сугерира квантумот на продукцијата и хиперпродукцијата со која ја споделуваме нашата виртуелна стварност во која сме заробеници на техниката и технологизацијата.

Во другиот сегмент на изложбата, додава Калиќ, уметницата ја сугерира својата премиса дека другата сфера на вредностите, на квалитетот, на талентот, дарбата, трудот, заложбата, каде владеат принципите на критериумите за вреднување на доблеста, на карактерот и трудот, ја акцентира заложбата за вреднување на трудот.

-Како што е во природата и секое битие препознатливо и детерминирано одделно со својот единствен инкарнат и неповторлив битов идентитет… И во самиот универзум разнородните елементи опстојуваат во својот бесконечен квантитет, но во запазени балансирани услови, принципи и одредници, кои го одржуваат до извесен степен и пак го реформатирааат, или разрушуваат -во миг кога е нарушена релацијата помеѓу квантитетот и квалитетот на нештата, како од аспект на микрочестичките, така и во сферата на глобалниот космос. Независно за кој дискурс станува збор интересна е разнородноста во доживелицата на нештата кај секоја индивидуа одделно, истакна Калиќ.

Back to top button
Close