Отворени се сите избирачки места во Радовиш, Конче, Василево и Ново Село

 

Сите избирачки места во општините Радовиш, Василево, Ново Село и Конче се отворени во 07:00 часот за гласањето од вториот круг за избор на градоначалници.

Според информации од ОИК Ново Село со мало задоцнување е отворено избирачко место во селото Самоилово заради технички проблеми.

Право на глас во овие четири општини имаат 50.298 граѓани на 102 избирачки места.

Изборот на градоначалници заврши во првиот круг во општините Струмица и Босилово. рт/нд/

2021-10-31 07:55:31, од Ристо Тасев, Струмица

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close