Отворените прашања меѓу Скопје и Софија ќе се решаваат преку сеопфатен документ со цел проблемот да не се отвора повторно

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на брифингот со новинарите оцени дека се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и оти дијалогот ќе продолжи на ниво на експерти и политички групи. Тој вели дека целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно, преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни.

– Португалскиот предлог останува се уште важечкото решение по кое што се разговара. Ние сакаме да го затвориме ова прашање еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно. Ниту сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња, туку да имаме еден сеопфатен документ што би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни и со кои ќе се заокружи ова прашање. Тоа ни гарантира нам дека нема да има отворање нови прашања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна, дециден е Османи.

 

Министерот појасни дека согласно Договорот од 2017 постои инструмент Меѓувладина комисија која секоја година потпишува протокол за имплементација на договорот.

 

– Тоа е документ што има три дела, веќе е усвоен еден таков пртоокол е усовиен и потпишан од комисиите, едниот дел е секторската соработка, другиот дел се политичките односно плановите за нареднаа година, и трето е работата на историската комисија. Тоа е согласно договорот, веќе еден протокол е потпишан, ние не успеавме да организираме меѓувладина комисија заради тоа што ескалираше спорот и немавме можност. Меѓутоа, тој документ е во тој дух на тие протоколи што се усвојуваат меѓу две владит согласно договорот а којшто утврдуваат начин на имплементација на договорот, рече Османи.

 

Back to top button
Close