Oтворено 37. издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“
Синоќа, во импресивниот амбиент кај селскиот кладенец и под звезденото небо на питоресткното, надезерско, село Велестово, свечено, по 37. Пат, беше отворена Интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово”,
Програмата започна со музички интерпретации исполнети од Игор Климоски, музичар од Велестово и професор на Музичкото училиште “Методи Патче”, а продолжи со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, годиниешен добитник на наградата за поема, “Григор Прличев”.
Во фрма на дијалог портретот го претстави Јулијана Величковска, по што следуваше интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое настапија поетите дел од странските поети (Ирска, Азербејџан, Романија, Хрватска…).
Во име на локалната самоуправа на Охрид, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Тој посебно потенцираше, дека во денешниот свет на брзи зборови и мисли во кој доминираат технологијата, виртуелната реалност и вештачката интелигенција, поезијата е една мала искра која блеска силно во тишината на нашите емоции.
-Нејзината светлина е кратка, но има моќ да ги разбуди љубовта и надежта во нашите срца. Таа е повик да го почувствуваме сето она што сме заборавиле да го чувствуваме. Поетската ноќ во Велестово не е само културен настан, таа е е светилник на македонската поезија, но и на културниот живот на Охридскиот регион и пошироко. Нашата локална самоуправа, ќе продолжи да дава поддршка за овој поетски настан и ве уверувам дека и понатаму ќе стоиме зад ваквите убави проекти кои ја чуваат културната традиција на Охрид, напомена Пецаков.
Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово беше отворена и изложбата „Непредвидливи соочувања“ на академскиот сликар Стефан Младеновски,
На манифестациите од годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“, ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави: Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија.
Веле Митаноски