Отворено 42. издание на фестивалот „Скопско лето“

 На првиот ден од летото и Светскиот ден на музиката, вчеравечер започна 42. издание на фестивалот „Скопско лето“, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот започна со операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што се одржа во салонот на Националната опера и балет, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Скопско лето е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика. Убеден сум дека и оваа година ќе биде така, затоа што програмата којашто ја нуди, доминира со квалитет и содржини коишто немаме прилика да ги видиме другпат. Чест ми е што оваа година Град Скопје е главен покровител на „Скопско лето“, истакна Шилегов.

И оваа година, најголемиот дел од програмата на „Скопско лето 2021“ ќе биде посветен на домашните изведувачи, но фестивалот ги отвора вратите и за меѓународна соработка, а најавени се  гости од Австрија, Германија, Канада, Србија, Хрватска, Црна Гора.

Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под генерално покровителство на Град Скопје.

Back to top button
Close