Отворено писмо на Ловечката федерација до партиите учеснички на изборите

 

Ловечката Федерација на Македонија како национална ловечка асоцијација која ги застапува интересите на ловците и правните субјекти кои стопанисуваат со дивечот во ловиштата, ја поддржуваме Вашата демократска борба за влез во Законодавниот дом и обезбедување на Парламентарно мнозинство за состав на Влада, но на праг на Парламентарните избори цениме дека имаме потреба јавно да Ви се обратиме, со цел да укажеме на проблемите со кои се соочува ловството во Македонија и притоа за разрешување на истите од сите Вас бараме:

1. Донесување на новиот закон за ловство, со кој примарно ќе ги добиеме следните придобивки:

-промена на моделот на доделување на ловиштата, односно укинување на доделување на ловиштата по електронски пат;

-враќање на надлежностите на Ловечката Федерација на Македонија, и тоа: организација и едукација при полагање на ловечки испит, статус ловец со задолжително членување на сите ловци во Ловечката Федерација на Македонија, организирање на изложби на ловечки трофеи, ловно спортско стрелаштво, ловна кинологија итн.

2. Измени на законот за оружје, при што ќе се поедностави постапката за добивање на одобрение за набавка на ловечко оружје.

3. Измени на законот за спорт, со кои покрај постојната стрелачка дисциплина TRAP, ќе се воведат уште три нови стрелачки дисциплини, и тоа: SKIT, DUBLE TRAP и SPORTING и сите четири стрелачки дисциплини законски да припаднат под Ловечката Федерација на Македонија.

4. Намалување на надоместокот за рецензија на ловностопанските основи за 50%.

5. Анекс на договорите кои истекуваат за сите ловишта и продолжување на истите се до распишување на нов оглас за нивно доделување, за да нема прекин во стопанисувањето со ловиштата.

Ловечката Федерација на Македонија е отворена за дијалог и соработка во секое време.

Ловечка Федерација на Македонија

 

Back to top button
Close