Отворено писмо од група интелектуалци како знак на благодарност до Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј

Триесетина интелектуалци од повеќе сфери на општеството ја поздравуваат одлуката за прифаќањето на канонското единство на Охриската Архиепископија која беше донесена на 9 мај 2022 година. Преку писмо како знак на благодарност му се заблагодарија на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.

„Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот. Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа. За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието се вели во писмото.

Дополнително, во писмото се наведува дека со примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој се гради одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието.

„Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа – пишува во писмото.

Проф. д-р Марјан Ѓуровски с.р. Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Академик проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р. Македонска академија на науките и уметностите Проф. д-р Методи Чепреганов с.р. редовен професор во пензија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Цане Мојаноски с.р. редовен професор во пензија, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, поранешен Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Академик Газанфер Бајрам с.р. Потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите Проф. д-р Зоран Матевски с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Генерал Мирослав Стојановски с.р. генерал потполковник во пензија, поранешен началник на Генералштабот на АРСМ Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Драган Зајковски с.р. црковен историчар и медиевист, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Борче Илиевски с.р. црковен историчар, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р. славист, редовен професор во пензија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Аспазија Софијанова с.р. Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Ацо Гирески

 

Back to top button
Close