„Ова 4 месечно кутре желно за игра после два дена од пораката е отруено во сопствениот двор…“

Фејсбук статус на Срце за животните Тиквеш / Heart for animals Tikvesh:

“Господине, ви се јавуваме за вашето куче.
Одев неќна да го прошетам детето, вашето куче ми го исплаши детето.
Три дена неможеме да го смириме.
Ако не го баталите од тука ќе биде уништено”

No photo description available.

И така ова 4 месечно кутре желно за игра после два дена од пораката е отруено. Најдено е мртво во сопствениот двор со пења на устата….

Случајот е пријавен во СВР Кавадарци.
Ве молиме споделувајте и секој што има било каква информација нека не контактира. Доколку се најде сторителот може да добие и казна затвор!

До сите останати родители, уште во учебниците за прво одделение на сликите покрај секое дете има кученце, кученцата се пријатели на децата.
Ги плашите вие, не кучињата. Штетата што им ја правите на децата со влевање страв од кучињата ќе им се одрази на нив кога тогаш.

Еден добронамерен совет до сите сопственици на кучиња, навечер земајте ги дома. Да сме на чисто, нема да ви пренесат зараза….

Back to top button
Close