Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

Експремиерот Никола Груевски последно во јавноста се огласи вчера, со честитка по повод Велигденските празници.

Денес тој е главна тема во Македонските медиуми, а беше спомнат и од идниот унгарски премиер Петер Маѓар кој освои двотретинско мнозинство во парламентот и најави негова екстрадиција во Македонија.

 

Засега Груевски мудро молчи иако постојано, цел ден е прозиван и од опозициската СДСМ.

Еве ја неговата последна објава на ФБ:

Нека ни е среќен празникот!

 

Велигден нека ни биде потсетник дека по секоја темнина доаѓа светлина.

 

Вечерта на денот на воскресението, Исус се појавил пред апостолите во соба или куќа каде учениците биле собрани зад заклучени врати. „Погледнете ги Моите раце и Моите нозе… допрете Ме и видете; дух нема тело и коски како што гледате дека Јас имам.“

Тие уште не веруваат од радост, па тој прашува дали имаат нешто за јадење. Му даваат печена риба и „Ја зеде и јадеше пред нив“.

Меѓу другото во тоа појавување Исус им посакал мир.

 

Тој не зборувал за обичен, надворешен мир како отсуство на војна или конфликт. Тој рекол „Мир вам“ во контекст што носи подлабоко значење.

Овој мир има неколку конкретни димензии.

 

ВНАТРЕШЕН МИР. Ова е состојба без страв и немир. Апостолите биле уплашени и затворени. Со овие зборови, Исус им дава сигурност и стабилност. Не станува збор за околностите, туку за состојбата во тебе.

 

Извор  центар.мк

 

ПОМИРУВАЊЕ СО БОГ. Мирот значи дека односот меѓу човекот и Бог е обновен. Во христијанската теологија, воскресението потврдува дека гревот и смртта не се последниот збор. Тоа создава основа за духовен мир.

ПОВИК НА МИСИЈА БЕЗ СТРАВ.. Веднаш по поздравот „Мир вам“, Исус ги испраќа апостолите да делуваат на теренот меѓу народот со конкретни насоки. Тој мир не е пасивен. Тој ти дава храброст да делуваш и да преземеш одговорност.

 

МИР РАЗЛИЧЕН ОД “СВЕТОВНИОТ”. Ова не е мир што зависи од околности, власт или надворешна стабилност.

 

Световниот мир постои додека условите се поволни. Мирот што го дава Исус останува и кога има страв, притисок или неизвесност.

Световниот мир е отсуство на конфликт. Христовиот мир е внатрешна сигурност и доверба без оглед на конфликтот.

 

Овој мир не зависи од пари, политика или надворешни фактори. Тој се врзува за доверба, вера и јасна внатрешна позиција. Во реален живот тоа значи да си целосно себе-осознаен, стабилен и зрел, да имаш јасно сознание во вредностите во кои веруваш, да можеш да носиш одлуки без страв и паника, и да останеш стабилен кога условите се менуваат.

Мирот што Христос им го остави на апостолите е сила што не ја крши стравот.

 

Во тој дух, ви посакувам токму таков мир, кој ништо не може да го наруши или скрши.

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!

Back to top button
Close