Ова е најпродаваниот автомобил во светот – го претрка и Тесла Модел Y
Toyota RAV4 е најпродаваниот автомобил во светот во 2024 година, претркувајќи ја Тесла Модел Y за помалку од 3.000 единици.
Според податоците за глобалната продажба на автомобили од аналитичарот на JATO Dynamics, Фелипе Муњоз, Toјота продаде 1.187.000 единици од RAV4 низ целиот свет, зголемување од 11% во однос на минатата година. Од друга страна, Model Y на Tesla испорача 1.185.000 единици, што е намалување од 3% во однос на 2023 година.
Тоа е остар пресврт во однос на минатата година, кога Model Y водеше со над 1,2 милиони продажби, а RAV4 беше втор со над 1 милион.
Резултатот е важен бидејќи RAV4 е во последниот циклус од тековната генерација, а сосема нов модел, вклучувајќи и плаг-ин хибрид, ќе биде достапен во 2026 година. Во меѓувреме, Тесла го запре производството за време на освежувањето на Model Y, што можеби ја намали неговата продажба.
Други најпродавани автомобили беа Toyota Corolla Cross, Honda CR-V, седанот Toyota Corolla, Toyota Hilux и Ford F-150. BYD, кинески производител, исто така, се проби меѓу првите десет со својот седан Qin.
Рангирањата се создадени од статистиката за продажба на автомобили во 153 земји за 99% од глобалниот пазар.
Модел Продададени единици
Toyota RAV4 1,187,000
Tesla Model Y 1,185,000
Toyota Corolla Cross 859,000
Honda CR-V 854,000
Toyota Corolla (sedan) 697,000
Toyota Hilux 617,000
Ford F-150 595,000
Toyota Camry 593,000
Tesla Model 3 560,000
BYD Qin 502,000