„Ова е навреда за сите жени“ – пратеничката Калевска – Ванчева откри кој пратеник ја снимал во деколте

Претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ, за време на седница синоќа, била снимена со мобилен телефон во деколте. Тоа денес пред јавноста го обелодени премиерот Димитар Ковачевски, но не го откри идентитетот на пратеникот кој ја снимал.

-Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на комисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој- праша Ковачевски.

Веста за однесувањето на народните избраници, за време на седница, наиде на осуда кај јавноста.

Пратеничката Калевска – Ванчева за ,,Фокус” за целиот случај, вели дека вакви слични удари имало и порано, а го откри и името на пратеникот кој ја снимал.

-Ова е удар врз целиот женски род. За жал, вакви и слични удари имало и претходно, и има, но трагично е кога вакво однесување доаѓа од пратеници! Во врска со реакцијата на пратеничките по повод настанот, синоќа најгласни и насилнички за жал беа дел од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ.

(…)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев од Кавадарци ме снимал, и тогаш не му се обратив да го прашам зошто го направил тоа, бидејќи во тие моменти друго беше побитно. А потоа, веќе го немаше – појаснува пратеничката.

повеќе

Back to top button
Close