Ова е последен обид на Макрон за нашата европерспектива, вели Арсовски


Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека шансите за кревање на бугарското вето за земјава во ЕУ се намалуваат.

-Точно е дека европерспективата на Македонија е загрозена. Прво од Грција, па од Франција, па сега од Бугарија и точно е дека како што одминува времето ќе има се помалку енергија во нашето општество за да продолжиме по тој пат. Тоа во Франција е последен обид на Макрон, првенствено поттикната од потребата на ЕУ да покаже некаков резултат. ЕУ во моментов самата не знае што со себе. Дури и кога би се откочил процесот, ние може да бидеме на трака која што нема дестинацијата, на која не знаеме што е на менито. Макрон делумно во излагање се залага на основачките договори на ЕУ, рече Арсовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, ветото од Бугарија и нивната агресивна политика нѐ блокира на извесно време.

-Не сум сигурен дека останатите земји членки на ЕУ се приклучуваат на тоа. Нема енергија за проширување. Радев најавува дека нема да присуствува кај Макрон и тука се истакнува друга димензија поврзана со геостратешките позиции на Македонија и Бугарија и поврзана со кризата во Украина, додаде Арсовски.

Back to top button
Close