Ова е среќниот добитник на 7-та на Лото: Битолчанецот Леци освои над 500 илјади евра

„Државна лотарија“ во рамките на новото коло на Лото7, синоќа го објави добитникот на 7-та од Битола, кој освои над 31 милион денари или над 506 илјади евра, пренесува Тера.мк

Се работи за семејството Јанковски од Битола, кое пред продажното место „Алек табак“ на Ат пазар во Битола се сретна со претставници на „Државна лотарија“ и заедно ја споделија радоста за оваа 7-ка, која досега е најголемата постигната премија од играта на среќа лото, во историјата на „Државна лотарија”.

Тука уплатени се 4 (четири) комбинации Лото 7 и 1 (еден) Џокер, а добитна е 4-тата лото комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, и со ова, ова продажно место стана најсреќното место во Македонија.

Леци со неговата сопруга раскажаа дека бројките кои ги играле не се бројки на родендени или други значајни датуми за нив и нивните деца, туку бројки кои веќе еден месец ги играле редовно.

Back to top button
Close