Ова е убиецот по кого трага полицијата: Татко, син и зет се жртвите во тројното убиство кое денеска го потресе Гњилане
Три лица го загубија животот, а друго беше повредено како резултат на инцидент во кој што што денес беше употребено огнено оружје во косовскиот град Гњилане.
Портпаролот на регионалната полиција за Гњилане, Исмет Хашани, потврди дека сериозниот инцидент се случил денес околу 12:32 часот на улицата „Ибрахим Ругова“. Се сомнева дека жртвите се татко, неговиот син и неговиот зет.
Осомничен во случајот е Мефаил Скадар, граѓанин од Гњилане, кој моментално е во бегство, а полицијата бара помош и од граѓаните и медиумите за да го фати.
Косовската полиција, регионалните истражни единици во соработка со државниот обвинител ги истражуваат околностите на овој сериозен случај.